Мостарец осуден на максимални 45 години затвор за убиство на поранешната девојка
Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди Анис Калајџиќ на 45 години затвор за убиството на неговата поранешна девојка Алдина Јахиќ. Тоа е најстрогата затворска казна што може да се изрече во Босна и Херцеговина, објави хрватскиот „Вијести“.
Казната е идентична со онаа што ја побарало Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон, кое тврдеше дека убиството, извршено во ноември минатата година, било родово мотивирано и дека му претходеле долгогодишно вознемирување и закани.
Судот ги прифатил наводите од обвинението дека Калајџиќ со месеци ја следел Алдина Јахиќ пред убиството, доаѓал пред нејзиниот стан и ѝ се заканувал со смрт бидејќи не можел да ја прифати нејзината одлука да ја прекине нивната врска.
Во ноември минатата година ја пресретнал во близина на автобуската станица во Мостар. Таа избегала во блискиот хотел, каде што се обидела да се сокрие и повикала полиција. Меѓутоа, Калајџиќ ја пронашол и ѝ пукал во главата. Алдина Јахиќ починала на самото место.
Анис Калајџиќ присуствувал на денешното изрекување на пресудата, иако според законот не бил обврзан да присуствува. Пред зградата на Кантоналниот суд во Мостар се собрале членовите на семејството, пријателите и граѓаните кои ѝ оддале почит на Алдина Јахиќ.
Тие носеле транспаренти со пораките „Никогаш нема да бидеш сама“, „Имаше право на живот“, „Стоп за фемицидот“ и „Правда за Алдина“.
Казната од 45 години затвор е најстрогата предвидена со кривичното законодавство на БиХ.
Засега само една таква правосилна пресуда му е изречена на маж кој минатата година ги убил сопругата и малолетниот син.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…
Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…
Mирен протест во Богданци во чест на…
Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…
„Фемицидот мора да се спречи пред да…
Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…
Страшна несреќа во Босна: Две девојки загинаа,…
Две девојки од Сараево на возраст од…
Во БиХ запленети 1,1 тони синтетичка дрога…
Властите на Босна и Херцеговина денеска објави…