Мојсоска до Мицкоски: А за промена да ја побарате вината во вашата неспособна власт?

t

*Фејсбук објава на пратеничката на Левица, Јована Мојсоска

Го слушам интервјуто на Мицкоски и за ужасниот трагичен случај со Росица само констатира “МВР постапила, вината да ја бараме во обвинителство и суд”?!

А за промена да ја барате вината во вашата неспособна власт, која во една година не воведе ниту една реформа во правосудството? И тоа не само што не воведе, туку ДПМНЕ донесе законски измени со кои им се зголеми на судиите старосната граница за пензионирање на 67 години. Додека ДПМНЕ не пропушта да потсети дека довербата во судството е 2%, токму тие им го продолжија мандатот на истите корумпирани судии.

Додека Мицкоски упорно за сите прашања се однесува како власта да не е надлежна и власта ја перцепираат само како алатка за делење тендери на нивните бизнис-донатори, потсетување дека токму неговите пратеници НЕ ГЛАСАА за предлог-законот на Левица за кривична одговорност за судиите. За истите судии кои пресудија условна пресуда за убиецот од Велес!
Вакво ноншалатно однесување со нула чувство на одговорност и глумење ненадлежен од позиција на премиер само докажува зашто државата е тиња во која сите тонеме.

П.С. За “беспрекорноста” на МВР, говори фактот што 3 дена не одговараат на прашањата на медиумите што се случило со пријавите од други четири девојки, кои од 2013 година го пријавувале убиецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска до Мицкоски: А за промена да…

*Фејсбук објава на пратеничката на Левица, Јована…

Шокантниот коментар на Доналд Трамп за Кејт…

Кејт Мидлтон очигледно го воодушеви Доналд Трамп,…

Мадуро: САД се обидуваат да воведат марионетски…

„Развиен е империјален план за промена на…

Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени…

На плажа во Летонија пронајдени се остатоци…

Уште не зеле плата пожарникарите вработени за…

Во јуни Владата најави дека има намера…