Мојсоска до Мицкоски: А за промена да ја побарате вината во вашата неспособна власт?
*Фејсбук објава на пратеничката на Левица, Јована Мојсоска
Го слушам интервјуто на Мицкоски и за ужасниот трагичен случај со Росица само констатира “МВР постапила, вината да ја бараме во обвинителство и суд”?!
А за промена да ја барате вината во вашата неспособна власт, која во една година не воведе ниту една реформа во правосудството? И тоа не само што не воведе, туку ДПМНЕ донесе законски измени со кои им се зголеми на судиите старосната граница за пензионирање на 67 години. Додека ДПМНЕ не пропушта да потсети дека довербата во судството е 2%, токму тие им го продолжија мандатот на истите корумпирани судии.
Додека Мицкоски упорно за сите прашања се однесува како власта да не е надлежна и власта ја перцепираат само како алатка за делење тендери на нивните бизнис-донатори, потсетување дека токму неговите пратеници НЕ ГЛАСАА за предлог-законот на Левица за кривична одговорност за судиите. За истите судии кои пресудија условна пресуда за убиецот од Велес!
Вакво ноншалатно однесување со нула чувство на одговорност и глумење ненадлежен од позиција на премиер само докажува зашто државата е тиња во која сите тонеме.
П.С. За “беспрекорноста” на МВР, говори фактот што 3 дена не одговараат на прашањата на медиумите што се случило со пријавите од други четири девојки, кои од 2013 година го пријавувале убиецот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако…
По новиот притвор за првообвинетиот за случајот…
„50 пати на улица и во судница,…
Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…
Трамп даде по 100 долари на 20…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговата…
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…