Моќна порака на Османи до Македонците во Албанија: Не грижете се за туѓите пропаганди, попишете се како Македонци!

t

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, упати порака до Македонците кои живеат во Република Албанија, во врска со претстојниот попис на населението.

Османи ги охрабрува Македонците во Албанија да се изјаснат за националноста која навистина се, Македонци и апелира да не се грижат за пропагандите кои ги гледаме изминтиот период, а имаат за цел вршење притисок врз македонското население во Албанија.

– Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија, би сакал да се обратам до вас Македонците кои живеат во Албанија.

Како што ви е веќе познато, од 18 септември и следните шест недели, во соседна Албанија ќе се спроведува попис на населението, ккао најважна статистичка операција во земјата.

Ви се обраќам затоа што сакам да бидете уверени дека овој попис овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, јазична и религиска припадност. Со оваа демократска придобивка, Албанија е препознатлива во светот по својата мултиетничност, нешто што исто како и кај нас, претставува непроценливо културно наследство.

Драги Македонци, како лојални граѓани на Албанија, ве охрабрувам на пописот слободно да ја изразите вашата етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност, која претставува основно природно право на секој поединец, вели Османи.

Министерот апелираше Македонците да не се грижат за пропагандите кои се исклучително активни во изминатиот период и истакна дека Македонија и Албанија се повеќе од соседи и дека заеднички работат на унапредување на правата на Македонците во Албанија.

– Деновиве сме сведоци на разни пропаганди кои апелираат на вашата припадност, не водејќи сметка за вашите чувства. Не треба ништо од тоа да ве загрижува. Албанија е слободна земја каде секој може слбодно да го изрази и негива својот идентитет, каде секој може да ја изрази својата припадност.

Македонија и Албанија се повеќе од соседи, ние ќе останеме во комуникација со институциите, меѓу другото и за прашања кои ве засегаат вас, Македонците, се залагаме за вашите права, истакна Османи во неговото обраќање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жерновски повикан на консултации во МНР

Македонскиот амбасадор во Романија Андреј Жерновски денеска…

ВРЕДИ: Очекуваме Минчев да ги поништи огласите…

Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека…

Земјотрес ја стресе и Албанија

Епицентарот бил во близина на Валона, на…

Албанската полиција само во округот Скадар годинава…

Во рамки на националната акција „Чиста територија“…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…