МОЌНИОТ австриски „Новоматик“ застанува зад Вардар – утре официјална потврда
Потврда за светлата иднина која е пред најголемиот македонски спортски бренд, фудбалскиот клуб Вардар, е најавата за утрешната прес-конференција (12 часот) на која и официјално ќе биде потпишан најавениот договор со австриската компанија за игри на среќа, „Новоматик“, која ќе ја преземе улогата на генерален спонзор на клубот.
„Со големо задоволство Новоматик Македонија Ве поканува на настанот по повод потпишување на Договорот со кој што компанијата станува генерален спонзор на Фудбалскиот клуб Вардар“, велат од Новоматик.
„Новоматик“ е моќна интернационална компанија, која е сопственик на 2.000 казина и останати места за игри на среќа во повеќе од 50 држави. Оваа компанија на светско ниво има преку 20.000 вработени и вкупен годишен приход од 1,8 милијарди евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…
„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…
Со едноминутно молчење во знак на почит…
Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…
На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…
Разбудени од кома двајцата полицајци што го…
Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…
ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…
Царинската управа во 2025 година собрала над…