Муцунски во Aтина: Грција го пофали напредокот на Македонија
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во Атина учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“, посветен на забрзување на европската интеграција на регионот.
Домаќинот, шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, упати честитки до Муцунски, истакнувајќи го напредокот на Македонија во дигиталната трансформација, усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и реформата на јавната администрација.
Главната порака од состанокот е дека европскиот моментум мора да се зачува и засили. Целта е размена на искуства, надминување на предизвиците и конкретна поддршка за побрзо членство на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски во Aтина: Грција го пофали напредокот…
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во…
Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во…
Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе…
Катимерини: Криминалци со врски со ОВК и…
Зад планот за атентат врз еврејскиот грчки…
Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…
Мајка си го продала бебето во Грција,…
Две жени во Грција се соочуваат со…