Муцунски: Иако ветив четири градинки до крајот на мандатот, ќе има и петта

t

„Аеродром е најмлада општина во Македонија, има доста млади семејства со мали деца. И сега во процесот на урбанистичко планирање се препишувале згради во ДУП-ови, се граделе згради и многу нови семејства се вселувале. Но, во последните четири години нема никаква инвестиција, нова градинка не е направена во последните четири години. Нема никаква инвестиција во ширењето во инфраструктурата на училиштата. Вие морате да градите нови градинки кои што ќе го апсорбираат тој притисок кој што се создава, имаме застрашувачки бројки, околу 800 деца чекаат за престој во градинка. Тоа е проблем кој што не смееме да си го дозволиме“, истакна Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром во гостување во утринска програма на МРТ.

Муцунски додаде дека не треба да се чека четири години тој проблем да се реши, потребни се веднаш нови градинки за да не се губат генерации во градинките и училиштата.

„Оваа година почнуваме со инвестиција во три нови градинки и тоа во Долно Лисиче, Мичурин, Стар Аеродром. И сакаме во текот на следната година да почнеме со уште една локација во Лисиче. И јас сум тука искрено ќе ви кажам амбициозен и верувам дека до крајот на мандатот иако во кампања ветивме четири нови градинки, ќе најдеме начини и петта градинка да имаме до крајот на мандатот. Но, тука ќе треба внимателно демографски да видиме каде таа идеално би ја ставиле. Во овој момент се уште размислуваме за локација“, рече Муцунски.

Муцунски посочи дека паралелно со тоа мора да се работи на проширување на капацитети на најмалку две основни училишта. Тука примарно фокусот е на три основни училишта но најмалку две од нив мора да им се прошири капацитетот. А, тоа се основните училишта „Блаже Конески“ и „Љубен Лапе“, и „Ѓорѓија Пулески“. Инфраструктурата мора да биде на највисоко ниво.

„И јас би сакал кога ќе го завршиме мандатот после четири години да немаме вакви појави, толку многу деца да чекаат место во градинка“, нагласи Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЛА МИЛИЈАРДА ВО ЏЕБ НА ЕДНА ФИРМА!…

34 милиони и 220 илјади денари ќе…

Татко и син се тепале со сосед…

Половина час по полноќ синоќа, во полиција…

(Видео) Општина Аеродром го скрати спонзорството за…

Општина Аеродром е во толку лоша финансиска…

Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…

Хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата…

Изгоре автомобил во Аеродром

Ноќеска во 03.35 часот во СВР Скопје…