Муцунски: Иако ветив четири градинки до крајот на мандатот, ќе има и петта

t

„Аеродром е најмлада општина во Македонија, има доста млади семејства со мали деца. И сега во процесот на урбанистичко планирање се препишувале згради во ДУП-ови, се граделе згради и многу нови семејства се вселувале. Но, во последните четири години нема никаква инвестиција, нова градинка не е направена во последните четири години. Нема никаква инвестиција во ширењето во инфраструктурата на училиштата. Вие морате да градите нови градинки кои што ќе го апсорбираат тој притисок кој што се создава, имаме застрашувачки бројки, околу 800 деца чекаат за престој во градинка. Тоа е проблем кој што не смееме да си го дозволиме“, истакна Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром во гостување во утринска програма на МРТ.

Муцунски додаде дека не треба да се чека четири години тој проблем да се реши, потребни се веднаш нови градинки за да не се губат генерации во градинките и училиштата.

„Оваа година почнуваме со инвестиција во три нови градинки и тоа во Долно Лисиче, Мичурин, Стар Аеродром. И сакаме во текот на следната година да почнеме со уште една локација во Лисиче. И јас сум тука искрено ќе ви кажам амбициозен и верувам дека до крајот на мандатот иако во кампања ветивме четири нови градинки, ќе најдеме начини и петта градинка да имаме до крајот на мандатот. Но, тука ќе треба внимателно демографски да видиме каде таа идеално би ја ставиле. Во овој момент се уште размислуваме за локација“, рече Муцунски.

Муцунски посочи дека паралелно со тоа мора да се работи на проширување на капацитети на најмалку две основни училишта. Тука примарно фокусот е на три основни училишта но најмалку две од нив мора да им се прошири капацитетот. А, тоа се основните училишта „Блаже Конески“ и „Љубен Лапе“, и „Ѓорѓија Пулески“. Инфраструктурата мора да биде на највисоко ниво.

„И јас би сакал кога ќе го завршиме мандатот после четири години да немаме вакви појави, толку многу деца да чекаат место во градинка“, нагласи Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец искршил стакла на банка во Аеродром

Вчера во 09:50 часот на подрачјето на…

Левица ги исклучи од членство Бранко Ристов…

Ја информираме јавноста дека Левица го суспендира…

Во тек е изградба на нова полициска…

Дополнителниот технички заменик-министер во МВР, Митко Бојмацалиев,…

Некогаш најчистата и најзелена скопска општина со…

Аеродром тоне во нечистотија. Некогаш најчистата и…

Трагедија: Пронајдена мртва жена во Аеродром

Вчера во 17.40 часот во Полициската станица…