Муцунски изрази солидарност со Холандија и Шведска по оштетувањето на нивните амбасади во Киев

t

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази целосна солидарност со Холандија и Шведска откако, како што наведе во објава на платформата Икс, нивните амбасади во Киев биле оштетени во руски ракетни напади.

„Дипломатските мисии и нивниот персонал мора да бидат заштитени во секое време. Меѓународното право мора да се почитува“, порача Муцунски.

Тој ја потврди и поддршката на земјата за Украина и повика на крај на руската агресија.

„Нашата поддршка за Украина останува непоколеблива. Руската војна на агресија мора да заврши“, напиша министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски изрази солидарност со Холандија и Шведска…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…

Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…

„Антропик“ со 81,3 милијарди долари го собори…

Американската компанија за развој на вештачка интелигенција…

Хрватска ги запира преговорите на Црна Гора…

Хрватска не сака прашањето за разграничување на…