Муцунски одржа работна средба со амбасадорот на ЕУ и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија

t

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа работен појадок со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија акредитирани во Република Северна Македонија.

На средбата, министерот Муцунски ги информираше присутните за актуелните политички и реформски процеси во државата, со посебен осврт на напредокот во исполнувањето на обврските поврзани со отворањето на преговорите со Европската Унија. Во таа насока, беше презентиран и напредокот во изработката на Акцискиот план за почитување на правата на заедниците, како и тековните активности во рамки на Реформската агенда и останатите обврски од европскиот интегративен процес.

Посебно беше нагласена и континуираната усогласеност на државата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и поддршката за Украина, како јасен показател за стратешката определба за полноправно членство во Европската Унија.

На средбата беа разменети мислења за реформските приоритети и евроинтегративниот процес на државата, со акцент на потребата од негово забрзување.

Во таа насока, беше истакната важноста од засилена регионална соработка, искористување на концептот на постепена интеграција, размена на искуства и континуирана поддршка од земјите членки на Европската Унија.

Средбата е дел од редовниот дијалог со претставниците на земјите членки на Европската Унија, насочен кон отворена размена на мислења и координација околу прашањата поврзани со европската интеграција на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски одржа работна средба со амбасадорот на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

СДСМ: Муцунски се фали со пари кои…

Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони…

Сиљановска: Уставни измени кои ќе важат откако…

Македонија претрпе многу уставни измени кои наликуваат…

ДС ги осудува вчерашните протести на студентите…

Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести…

20,9% или едно од пет лица биле…

Во 2025 година, 92,7 милиони луѓе во…