ДС ги осудува вчерашните протести на студентите Албанци, велат „загрижува што беа присутни и граѓани на Косово и Албанија“
Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести и обидите за политичка злоупотреба на прашањето за употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем. Велат дека особено загрижува фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните држави Косово и Албанија, што претставува, како што велат, недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Република Македонија.
-Очигледно е дека зад овие активности стои политичката агенда на ДУИ, која по губењето на власта се обидува преку националистичка реторика, етнички тензии и вештачки кризи да предизвика дестабилизација на државата и да обезбеди политички поени.
Демократски сојуз смета дека правото на употреба на албанскиот јазик мора да биде гарантирано и почитувано согласно Уставот, Охридскиот рамковен договор и законите, но истовремено мора да се зачува единствениот, функционален и ефикасен правосуден систем кој функционира на македонски јазик како службен јазик на државата.
Недозволиво е правосудството да стане поле за политички и етнички конфронтации или за создавање паралелни системи кои би ја нарушиле правната сигурност и единството на институциите, велат од таборот на Павле Трајанов.
ДС ја повикува Владата да не подлегнува на притисоци, уцени и радикални барања, туку преку дијалог и стручна дебата да изнајде европско и одржливо решение кое ќе обезбеди:
– целосно почитување на јазичните права на сите заедници;
– задолжително познавање на македонскиот јазик за носителите на правосудни функции;
– зачувување на единствениот правосуден систем и унитарниот карактер на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Илјадници млади на улиците во Италија и…
Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…