Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации
Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување.
-Посетата е можност силните политички односи да ги преточиме во поконкретна соработка, особено во економијата, одбраната и одбранбената индустрија, сајбер-безбедноста, здравството, земјоделството и туризмот. Потпишавме и два значајни билатерални документи во областите на образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации, напиша Муцунски на Фејсбук.
Особено ја цениме, посочува тој, солидарноста и поддршката што Израел и израелскиот народ ги покажаа по трагедијата во Кочани.
– Продолжуваме да го надградуваме партнерството преку конкретни проекти, посилни економски врски и нови можности за соработка, наведува Муцунски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…
Израелската армија ликвидираше тројца припадници на Хамас…
Израел продолжува да изведува целни убиства на…
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…