(Видео) Му земал 88 илјади евра за да ја лекува жена му, сопругата починала – полицијата го уапси на Табановце
Приведен осомничен за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство
Денеска (30.04.2026), на Граничниот премин Табановце, лишен од слобода е Б.К. (44) од Прилеп.
По претходно добиени информации за сторено кривично дело „измама“, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со СВР Струмица – ОВР Валандово, презеде координирани мерки и активности за расчистување на случајот.
Според досегашните сознанија, во периодот од јули до ноември 2025 година, осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда лице од Валандово, прикажувајќи лажни факти дека ќе помогне во организирање лекување во странство за неговата сопруга.
На тој начин, оштетениот во повеќе наврати уплатил вкупно околу 88.300 евра (5.549.200 денари), во меѓувреме, неговата сопруга починала.
Осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гевгелија, при што му е изречена мерка за претпазливост.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Му земал 88 илјади евра за…
Приведен осомничен за измама од над 88.000…
Калас: Разговорите меѓу Трамп и Путин оставаат…
Телефонските разговори меѓу претседателите на САД и…
Шилегов: Како СДСМ мислат дека можат да…
Улогата на една политичка партија во општеството,…
Величковски: Без потпис за уставните измени, СДСМ…
Претседателот на движењето „Нова Република“, Ивон Величковски,…
Влада: Попустот на горивата продолжува до 18…
Владата ја информира јавноста дека, по разговори…