Величковски: Без потпис за уставните измени, СДСМ е само премолчан партнер на власта
Претседателот на движењето „Нова Република“, Ивон Величковски, упати остри критики до најголемата опозициска партија СДСМ, обвинувајќи ги за пасивност во однос на иницијативата за уставни измени. Според него, недостигот на потписи од страна на „Бихаќка“ ја позиционира партијата како „четврти премолчан владин партнер“ кој и понатаму зависи од одлуките на ВМРО-ДПМНЕ.
„Молкот е еднаков на отфрлање“ Величковски смета дека со ваквото однесување, СДСМ само им се придружува на коалициските партнери ВЛЕН и ЗНАМ, за кои вели дека веќе го потврдиле своето „вазалство“ кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку отфрлање на иницијативата, објави 4news.mk
„Нова Република“ повикува на храброст кај парламентарната опозиција за прекинување на евроинтеграцискиот застој преку поднесување на уставни амандмани. Според Величковски, тоа е единствениот начин јасно да се исцртаат позициите на пратениците Македонци и да се види кој навистина е „за“, а кој „против“ интеграцијата на македонскиот народ во ЕУ.
Алтернативни решенија за граѓаните
Во својата објава, тој упати порака до сите етнички заедници во државата – Македонци, Албанци, Турци, Роми и сите останати споменати во Уставот – нагласувајќи дека постојат и други уставни можности за обезбедување на нивната претставеност.
„Уставот ни дава и други можности да си ги обезбедиме претставеноста и претставништвото. За да не одлучуваат за нас нерешителни, корумпирани и/или уценети“, дециден е Величковски.
Величковски заклучува дека се додека опозицијата нема јасен став и потписи на иницијативата за измени, политичкиот курс во земјата и понатаму ќе го диктира „Белата палата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…