Надал не ја завршува кариерата: Ќе играм на Вимблдон

Рафаел Надал нема да ја заврши кариерата по освојувањето на Ролан Гарос, со најава за настап на Вимблдон.
Надал во неделата ја освои 14-та титула на Ролан Гарос со триумфот во финалето над Норвежанецот Каспер Руд со 6:3, 6:3, 6:0, а во интервју за шпанските медиуми детално објасни низ што поминал на турнирот и зборуваше за планови за иднината.
„Играв две недели во екстремни услови под инјекции кои ми го анестезираа левото стапало. Поради анестезијата немав чувство во стапалото“, изјави Надал и додаде:
„Ми помогнаа анестетиците што ги внесов директно во нервот, а сега ќе ја сменам терапијата. Станува збор за примање пулсни радиофреквентни инјекции кои можат да ја намалат чувствителноста на нервот во стапалото, а тоа ми помогна и ја ублажувам болката во минатото. Го чувствувам тоа, а радиофреквенцискиот третман е многу поконтролиран затоа што половина го ‘заспива’ нервот. Ќе видиме како ќе изгледа во сезоната на трева и мојот настап на Вимблдон“, изјави Надал, кој се издвои на самиот врв со 22 Грен слем турнири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
4 годишна забрана поради допинг, Симона Халеп…
Двократната гренд слем шампионка Симона Халеп доби…
Надал: Федерер го достигна највисокото ниво, но…
Тони Надал беше составен дел од огромен…
Ѓоковиќ ќе плати 7.000 евра за “злоупотреба…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е казнет од…
Медведев поразен: Ѓоковиќ во финале против Алкараз
Рускиот тенисер Даниил Медведев е поразен во…
Ѓоковиќ во финале на Вимблдон!
По речиси три часа борба, Новак Ѓоковиќ…