Надоместоци исплаќани без критериум, пропусти во трошоците: Ревизорите открија неправилности во Академијата за судии и јавни обвинители
Државниот завод за ревизија изрази мислење без резерва за финансиските извештаи на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година, оценувајќи дека тие реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на институцијата. Сепак, за усогласеноста на работењето со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики е дадено мислење со резерва поради утврдени слабости и неправилности.
Според конечниот ревизорски извештај, надоместоците на членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет биле исплаќани во целост на месечно ниво, наместо според присуство на одржаните седници. Исто така, утврдено е дека рокот за завршување на втората фаза од почетната обука на осмата генерација слушатели за судии и јавни обвинители бил надминат за три месеци, што резултирало со дополнителни исплати за ментори и координатори.
Ревизијата нотира дека дел од договорите со менторите биле склучени по истекот на периодот на менторство, а биле исплаќани и средства за координатори и членови на комисии за оценување на практичната настава, иако нивниот статус и правото на надоместок не се јасно утврдени со Законот за Академијата.
Утврдени се и надминувања на законскиот максимум за прекувремена работа, како и недостиг од претходно писмено известување до инспекторатот за труд за воведување прекувремена работа. Дополнително, евидентирани се случаи на исплата на прекувремени часови во денови кога на вработените им биле исплатени и дневници за службени патувања во странство или за присуство на седници во рамки на редовното работно време.
Во извештајот се наведуваат и слабости во контролата на користењето на картичките за гориво, како и неправилности во дел од тендерските постапки и набавки на стоки и услуги без спроведена соодветна постапка за јавни набавки.
Државниот завод за ревизија издаде препораки за надминување на утврдените состојби и за унапредување на системот на контрола и управување во институцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Надоместоци исплаќани без критериум, пропусти во трошоците:…
Државниот завод за ревизија изрази мислење без…
Исчезнал кабел од 15.000 евра, потрошени 50.000…
Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) биле…
Ревизијата во ИЈЗ покажува целосен хаос: Проблеми…
Ревизорите утврдиле низа слабости во финансиските извештаи…
Норвешка одвојува околу 40 милиони евра за…
Норвешка одвојува 425 милиони норвешки круни (околу…
ДЗР: Агенцијата за катастар се стекнала со…
Агенцијата за катастар на недвижности не евидентирала…