Ревизијата во ИЈЗ покажува целосен хаос: Проблеми со наплата на долгови, спорни исплати, не се користела медицинска опрема

t

Ревизорите утврдиле низа слабости во финансиските извештаи на Институтот за јавно здравје. Ревизијата била спроведена на сметката за средства од програмите за здравствена заштита, сопственото учество на осигурените лица во цената на здравствените услуги и други сопствени приходи.

Оттаму бараат Институтот да изврши целосен попис на сите потрошени медицински материјали по пациент и упат и точно да ги евидентира во извештајот, како и навремено да врши наплата на побарувањата.

Ревизорите констатирале повеќе слабости во работењето на институцијата, меѓу кои нецелосна евиденција за приемот и потрошувачката на медицински материјали, како и неевидентирање на приемот и потрошувачката на вакцини во деловните книги.

Дополнително е утврдено дека за побарувањата во вредност од над 18 милиони денари, постари од три години, не биле преземени активности за наплата.

„Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година. При вршење на попис на побарувањата да се утврди основот за нивното настанување и целосно и правилно евидентирање во сметководствената евиденција и дали се преземени мерки за наплата на истите и целосна, точна и навремена наплата на побарувањата“, стои во извештајот на ревизорите.

Ревизијата утврдила и слабости во дел од постапките за јавни набавки, неправилности поврзани со ангажирани лица по договор на дело, недоследности при издавање деловен простор под закуп, како и случаи на несоодветни исплати на плати и надоместоци.

Меѓу забелешките е наведено и дека дел од медицинската опрема не е ставена во употреба.

Од ДЗР потсетуваат дека и во претходна ревизија било изразено неповолно мислење за работењето на Институтот. При проверката на спроведувањето на препораките од претходниот извештај било утврдено дека дел од нив останале неспроведени или само делумно реализирани.

Од Инситутот се бара да обезбеди согласност од Министерството за финансии за сите лица ангажирани со договори за дело и нивната исплата да се врши врз основа на доказ/извештај за извршената работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ревизијата во ИЈЗ покажува целосен хаос: Проблеми…

Ревизорите утврдиле низа слабости во финансиските извештаи…

ИЈЗ: Низок ризик од хантавирус во Македонија

Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р…

ДЗР: Агенцијата за катастар се стекнала со…

Агенцијата за катастар на недвижности не евидентирала…

ДЗР: Сериозни неправилности во работењето на ДИК…

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни пропусти…

ДЗР: Снемало 30 лаптопи од Министерството за…

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на…