Над 1.100 мигранти пристигнале на грчките острови за два дена, двајца загинати
Нов мигрантски бран ја зафати Грција, откако за само два дена повеќе од 1.100 лица од Северна Африка пристигнале со чамци на островите Крит и Гавдос. Во обидот да стигнат до грчкото крајбрежје, две лица го загубиле животот.
Според информациите од грчката крајбрежна стража, во акциите за преземање на мигрантите учествувале и европската гранична агенција Фронтекс и грчките власти. Двете тела биле пронајдени на карпест дел од брегот на Гавдос, додека меѓу пристигнатите имало и 41 преживеан мигрант.
Четворица од мигрантите биле пренесени во болница на Крит по пристигнувањето.
Зголемениот број мигранти пристигнуваат во Грција и покрај строгата политика на владата кон нелегалната миграција. Земјата, заедно со Австрија, Данска, Германија и Холандија, работи на план за отворање центри за враќање на мигрантите чии барања за азил ќе бидат одбиени. Овие центри би требало да почнат да функционираат од следната година, но иницијативата веќе се соочи со критики од организациите за човекови права.
Морската рута од Либија кон јужна Грција е една од најопасните миграциски патеки кон Европа. Многумина го губат животот за време на патувањето поради превртување и потонување на чамците или тешките временски услови. Претходно овој месец, телата на 22 лица биле пронајдени во две пловила кои пловеле од Либија кон Грција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 1.100 мигранти пристигнале на грчките острови…
Нов мигрантски бран ја зафати Грција, откако…
Грција има одлична реколта на маслинки, но…
Грција се радува на одлична реколта на…
ДРАМАТИЧНИ СПАСУВАЊА ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Над 500…
Грчката крајбрежна служба во текот на ноќта…
Грција бара работници – повеќе од 46.000…
Грција се соочува со сè поизразен недостиг…
Муцунски во Aтина: Грција го пофали напредокот…
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во…