Над 700 милијарди евра ќе се вртат во енергетиката во регионот до 2035 година
Југоисточна Европа влегува во огромен инвестициски циклус во енергетиката, а потенцијалот за нови инвестиции во енергетската инфраструктура до 2035 година надминува 700 милијарди евра- објави Данас.
Ова го покажува Студијата „Енергетски преглед на Југоисточна Европа 2025/2026“ на Енергетскиот институт за Југоисточна Европа (IENE) од Атина. Анализата опфаќа 16 земји од регионот и ги разгледува енергетските системи како една поврзана целина, со проекции за развојот на секторот до 2050 година. Според оценките презентирани на конференцијата, пред регионот е период на големи инвестиции, но и сериозни предизвици – од изградба на нови производствени капацитети и електроенергетски мрежи, до обезбедување квалификувана работна сила и капитал.
Еден од најголемите предизвици е електроенергетската мрежа. Производството на енергија од обновливи извори расте, но истовремено расте и побарувачката за електрична енергија. На глобално ниво, повеќе од 2.500 гигавати проекти чекаат приклучување на електроенергетските мрежи. Дополнителен притисок создаваат дигитализацијата, вештачката интелигенција и забрзаниот развој на центрите за податоци, кои бараат сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија.
Западен Балкан премал за големи инвестиции, но земјите заедно станува поголем пазар. Големите енергетски проекти бараат значителен капитал, а за помалите економии нивната реализација може да биде потешка доколку се планираат исклучиво на национално ниво. Затоа регионалното поврзување и заедничкото планирање се издвојуваат како важен услов за привлекување инвестиции.
А доколку потенцијалот од повеќе од 700 милијарди евра до 2035 година се претвори во реални проекти, енергетскиот сектор може да стане еден од најголемите инвестициски двигатели на Југоисточна Европа во следната деценија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 700 милијарди евра ќе се вртат…
Југоисточна Европа влегува во огромен инвестициски циклус…