НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ОД 10 ДО 20 ИЛЈАДИ?! ССМ ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд, ако нема реакција ќе следуваат протести и штрајкови!
Сојузот на синдикати на Македонија планира да ги оспори пред Уставниот суд, а доколку е потребно и да се преземат други мерки за поништување на скандалозните измени на Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор.
Двата закони се донесени во јули и август 2025 година, а со нивните одредби се заобиколуваат Колективните договори, посебно во делот на исплата на плати, со што државата си дава за право да може да исплаќа плата според методологија што самата ќе ја одреди. Според овие измени, намалувањето на платите на административците би можело да биде огромно, согласно пресметките помеѓу 10 и 20 илјади денари.
Согласно измените на Законот за административни службеници, од ЗАС се бришат зборовите „и со колективните договори“.
Членот кој се менува гласи:
(1) За државните службеници од членот 5 од овој закон се применуваат одредбите од овој
закон и прописите донесени врз основа на овој закон и колективните договори за прашања за кои
со овој закон се упатува на нив.
(2) За посебните државни службеници од членот 6 од овој закон, ќе се применуваат
одредбите од Глава III – Услови и класификација на работните места на административните
службеници, и Глава V – Вработување на административните службеници од овој закон, а за сите
останати прашања ќе се применуваат одредбите од овој закон, доколку не се уредени со посебните
закони и со колективните договори.
(3) За јавните службеници од членот 7 од овој закон, ќе се применуваат одредбите од Глава
III. Услови и класификација на работните места на административните службеници од овој закон, а
за сите останати прашања ќе се применуваат одредбите од овој закон, доколку не се уредени со
посебните закони и со колективните договори.
(4) За прашањата кои се однесуваат на работниот однос на административните службеници,
а кои не се уредени со овој закон, со Законот за вработени во јавниот сектор или со посебните
закони и со колективните договори, се применуваат општите прописи за работните односи.

Слични измени има и во Законот за вработените во јавниот сектор.
Предлагачи на измените се пратениците од владејачкото мнозинство.

„ЗА“ предлог-измените гласале пратениците од владејачкото мнозинство.
Целосниот листинг, односно како гласале пратениците можете да го видите на следниот ЛИНК.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, за Инфомакс вели дека првиот чекот на Синдикатот ќе биде оспорување на Законите пред Уставниот суд на Република Македонија, произнесување на Економско-социјалниот совет за истите, а доколку избришаните одредби не се вратат, ќе следуваат протести и штрајкови.
– Со новите закони, Законот за вработените во јавен сектор и Законот за административните службеници, во делот плати е ограничено и суспендирано правото на уредување и доуредување на правата поврзани со платата со колективен договор и на тој начин е суспендирано колективно договарање за вработените во јавниот сектор, а сето тоа спротивно на Уставот, Законот за работните односи и меѓународните трудови стандарди и конвенции, Општата декларација за човекови права и Европската конвенција за заштита на правата.
Напоменуваме дека согласно член 32 од Уставот – остварувањето на правата на вработените нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, а Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со синдикатите од јавниот сектор здружени во ССМ во следните денови ќе поденесе Иницијатива до Уставниот суд за повреда на темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија, меѓу другите се, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, владеењето на правото, поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска и хуманизмот, социјалната правда и солидарноста.
Правото на колективно договарање и склучување на колективни договори е уставно загарантирано право и право предвидено со Конвенциите на Меѓународната организација на трудот и никој не смее ова право да го одзема, забранува, ограничува или елиминира како такво.
Имајки во предвид дека овие закони во оваа форма се усвоени без консултации со синдикатите и без согласност на Економско социјалниот совет, првиот чекор кој го преземаме е нивно оспорување пред Уставниот суд, а истовремено ќе биде побарано и од Економско социјалниот совет да се произнесе и да се предложат брзи измени на овие два закони со враќање на избришаните одредби за можноста за утврдување на платите во јавниот сектор со колективните договори, а доколку не, следните чекори се протести и штрајкови.
Дека овие два закони се избрзани и нефункционални покажуваат и брзите измени кои ги направија изминатата недела за одлагање на нивната примена до јануари 2027 година, но тоа не дава одговор на прашањето, кој е тој што сака преку исклучувањето на колективните договори, да ги намали работничките плати. – вели Трендафилов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ОД…
Сојузот на синдикати на Македонија планира да…
На едно семејство за живот му требаат…
Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја…
Крмов до Гаши: Неделовнички ставате Закони на…
Процедурално обраќање на пратеникот Борислав Крмов до…
Најниската просечна годишна плата во Европа е…
Најниската просечна годишна плата на вработен во…
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието,…
„Собранието мора да одлучува за мигрантите а…