СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
„Собранието мора да одлучува за мигрантите а не општините. Премиерот Христијан Мицкоски со денови одбива да одговори дали ќе ја потпише Резолуцијата за граѓаните да бидат сигурни дека мигранти за пари во Македонија нема да има. Но, наместо одговор го гледаме секој ден како се мачи со изговорите. Сега Мицкоски најавува некои локални иницијативи на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини. Зошто Мицкоски не го споменува Собранието туку зборува за општини?“ соопштија утринава од опозициската СДСМ.
Од партијата велат „Ако не знае, Собранието е највисокиот орган на една држава. Го сочинуваат пратеници директно избрани од народот. Затоа Резолуцијата е народен договор, бидејќи пратениците се овластени од страна на народот. Собранието е над општините и може да спречи мигранти на целата територијата на Македонија“.
„Добро е што не кажа Мицкоски дека ќе иницираат документи во некоја Месна заедница. Уште еднаш го повикуваме премиерот Мицкоски да каже дали ќе ја потпише Резолуцијата? Само да одговори ДА или НЕ, толку кратко и толку едноставно. Еве не мора на СДСМ, нека им одговори на граѓаните“ велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…