Народната банка на Србија: Динарот е стабилен, финансискиот систем не е загрозен
Курсот на српскиот динар е стабилен, а финансискиот систем не е загрозен. Ова го соопшти Народната банка на Србија, посочувајќи дека внимателно го следи работењето на Банката „Поштанска штедионица“, која редовно ги исполнува сите обврски кон клиентите.
Од централната банка уверуваат дека и исплатата на пензиите и другите примања од буџетот на Србија се реализира навреме и без прекини.
Во соопштението се наведува дека Народната банка ги презема сите потребни мерки за стабилно и ефикасно функционирање на домашниот финансиски систем, со посебен акцент на зачувувањето на монетарната и финансиската стабилност, непреченото функционирање на платните системи и заштитата на корисниците на финансиски услуги.
Од институцијата велат дека имаат целосна соработка со финансиските институции, особено со банките, кои со одговорното работење придонесуваат за сигурноста на системот.
Народната банка секојдневно и непосредно го надгледува работењето на „Поштанска штедионица“, а преземените мерки, како што наведува, гарантираат сигурност во работењето со граѓаните и компаниите. Банката ги исполнува обврските кон клиентите, а исплатата на пензиите и другите буџетски примања продолжува во редовните рокови.
Од централната банка додаваат дека на банките им се достапни сите мерки за поддршка на ликвидноста, со цел да се обезбеди нормално функционирање на финансискиот систем.
Во однос на зголемената побарувачка за странска валута, главно од страна на граѓаните, Народната банка наведува дека интервенира со користење на високите девизни резерви за да ја одржи стабилноста на курсот. Истовремено, во директна комуникација со банките и овластените менувачници го поддржува непреченото снабдување со готови девизи.
Од Народната банка информираат и дека платните системи функционираат стабилно. Во изминатите десет дена, просечно дневно биле реализирани околу 1,1 милион трансакции преку платните системи РТГС, Клиринг и ИПС, што е на нивото на дневниот просек во првите девет месеци од годинава.
Од институцијата порачуваат дека е важно сите чинители да дејствуваат со заедничка цел – зачувување на стабилноста на земјата и заштита на интересите на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…
Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…
Претставници на Студентската листа, која победи на…