Објавено на:

Народната банка на Србија ја одзеде лиценцата за работа на Алта банка

t

Извршниот одбор на Народната банка на Србија донесе ноќеска одлука за одземање на лиценцата за работа на Алта банка а.д. Белград. Агенцијата за осигурување на депозити ќе биде назначена за стечаен управник со судска одлука.

Според НБС, извршниот одбор заклучил дека на одземањето на лиценцата му претходеле контролни активности насочени кон зголемување на нивото на ликвидност на банката.

„Утврдено е дека во претходниот период, финансиската состојба на банката значително се влошила и дека постои можност за дополнително влошување на финансиската состојба или ликвидноста на банката, а во врска со тоа, интересите на штедачите на банката се во опасност“, се објаснува во соопштението на НБС.

Имајќи предвид дека се исполнети условите за одземање на лиценцата на банката, НБС наведува дека во согласност со Законот за банки, ја донела одлуката со цел да ги заштити интересите на штедачите и да ја зачува стабилноста на финансискиот систем.

Агенцијата за осигурување на депозити ќе овозможи исплата на осигурените износи и располагање со средствата на штедачите во рок од седум работни дена.

Српската Алта банка е присутна и во Македонија откако пред една година купи 95 отсто од акциите на Стопанска банка Битола, банка која во минатото ја следеа контроверзии и беше дел од истрагата за случајот „Империја“ на поранешното Специјално јавно обвинителство.

Влезот на Алта банка во Македонија предизвика политички реакции од опозициските партии кои тврдат дека преку неа се внесува сомнителен капитал во земјата и дека се шири српско влијание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Редици српски граѓани пред експозитурите на…

Редици српски граѓани застанаа пред експозитурите на…

МВР откри интернет измама со стотици оштетени…

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика…

Кражбата на 6,3 милијарди долари од Binance:…

Се сомнева дека Северна Кореја стои зад…

Вучиќ на „Информер“: Ако штрајкувам со глад,…

Александар Вучиќ во гостување на „Информер ТВ“…

ДИК: 107 болни или немоќни и 9…

Вкупно 107 болни или немоќни лица и…