Наскоро четврта доза во Србија, еве кој ќе треба да ја прими

t

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека доколку се одлучи да почне да се дава четвртата доза од вакцината против коронавирус, таа нема да биде масовна, односно нема да се препорачува на сите, туку само на хронично болни и имунокомпромитирани лица.
„За тоа зборуваме месец и пол, два. Јасно е дека ако почнеме да ја даваме четвртата доза, таа ќе биде за луѓето на кои им е потребна – пациентите со тешки хронични заболувања, оние на кои им е загрозен имунитетот, да се погрижат да не стигнат во болница. Не верувам дека со четвртата доза ќе одиме на масовна вакцинација“, изјави тој за Блиц.
Кој одлучува за четвртата доза
На прашањето кој ќе одлучи кому ќе му биде препорачана четвртата доза, Тиодоровиќ рече дека тие се лекари.
„Лекарите треба да одлучат, ние мора да им помогнеме на лекарите во системот на Ковид, ќе им треба помош“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Форин полиси” за ситуацијата во Косово: Србија…

Се чини дека кавгите со Косово, ракувањето…

Пукање на косовско-српската граница: Нападната косовската полиција

Косовската полиција е нападната денеска на пладне…

Мајмунски сипаници потврдени кај 23 мажи во…

Мајмунски сипаници се потврдени кај 23 мажи…

Српски медиуми: Американскиот амбасадор му рекол на…

Хаосот на Косово бил избегнат откако американскиот…

Се огласи Столтенберг: КФОР ќе интервенира во…

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска…