Објавено на:

НАТО одговори на заканите на Путин: Подготвени сме за секоја криза

t

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, изјави дека верува оти Европа добро ќе се справи со помалку американски војници на Стариот континент.

„Европа нема да има проблем дури и ако САД повлечат дел од своите сили“, рече Гринкевич, според Политико.

Тој рече дека Европа и Канада имаат доволно капацитети, а НАТО е подготвен за секоја криза.

Според него, политичките несогласувања не влијаеле на оперативната подготвеност на НАТО, а зголемените европски инвестиции дополнително ќе ја зајакнат одбраната, дури и ако САД повлечат повеќе војници.

Гринкевич додаде дека постои ризик Русија наскоро да ја тестира колективната одбрана на НАТО, а исто така предупреди на долгорочна опасност.

Тој рече дека хибридните напади се сериозен проблем и дека НАТО разгледува поактивни одговори, иако не даде детали. Политико проценува дека овие изјави доаѓаат во време кога се очекува нова стратегија од американскиот претседател Доналд Трамп, што би можело да доведе до повлекување на дел од американските војници од Европа и пренасочување кон Индо-Пацификот.

Како поткрепа на ова тврдење, „Политико“ ја наведува одлуката на Вашингтон да повлече 800 војници од Романија минатиот месец, што предизвика негодување во Букурешт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО одговори на заканите на Путин: Подготвени…

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО…

Кадиров: Подготвени сме за војна со Европа,…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ја изрази својата…

Орбан: Унгарија ќе ја тужи Европската комисија…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека…

Експлозија во Чеченија, руските власти се сомневаат…

Комплексот облакодер во Грозни Сити во главниот…

ОН усвои резолуција со која се бара…

Генералното собрание на Обединетите нации денес усвои…