Науката пресече: Кој е помудар – мажите или жените?

t

Мудроста е способност да се користи своето знаење и искуство во животот и е поврзана со непристрасно расудување, рационално размислување и сочувство. Па, дали е мудро да се дискутира дали мажите или жените се подобри во тоа?!

Додека некои студии сугерираат дека мудроста треба да биде „андрогина“ за да се избегне родова пристрасност, една нова студија покажа дека полот може да влијае на тоа колку сме мудри. Тим научници од Универзитетот во Калифорнија и Колорадо решија да откријат дали постојат разлики во релативната сила во различни аспекти на мудроста на мажите и жените.


Студијата го испитуваше влијанието на полот врз врската помеѓу мудроста и одредени конструкции, вклучувајќи депресија, осаменост, благосостојба, оптимизам и издржливост. Дополнително, беа користени две скали: тродимензионална скала на мудрост (3D-VS) и скала на мудрост од Сан Диего (SD-VISE).

Жените постигнаа повисок резултат на првата скала, но не успеаја да ги надминат мажите на втората. Во истражувањето учествувале вкупно 659 лица на возраст од 27 до 103 години.
Првата скала има три потскали кои ги вклучуваат когнитивните, рефлексивните и афективните (сочувствителни) димензии на мудроста, додека SD-VISE има шест потскали: социјално советување, решителност, емоционална регулација, саморефлексија (порано наречена увид), прифаќање на различни перспективи и просоцијално однесување.

Се чини дека жените се подобри кога станува збор за доменот на сочувство и саморефлексија, додека мажите постигнале подобри резултати во доменот поврзани со когнитивните функции и емоционалната регулација.

„Жените и мажите имаат различни релативни сили во мудроста, веројатно поттикнати од социокултурните и биолошките фактори“, објасни научниот тим за списанието Frontiers in Psychology.

Сепак, не треба да се брза со заклучоци или, уште полошо, со стереотипи. Ќе биде многу попаметно да научите да ги балансирате работите и да се надополнувате едни со други силни страни!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Талибанците направија распоред: Мажите и жените од…

Талибанското Министерство за промоција на доблести и…

Ѓорѓиевски им го разубави денот на жените…

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…

8 Март: Цвеќиња или конкретни мерки –…

8 Март е Меѓународниот ден на жената,…

Зошто жените нникогаш немаат што да облечат?…

Многу облека, а неколку комбинации кажуваат дека…

(Видео) Првата дама децидна: Мора да се…

По повод 11 февруари – Меѓународниот ден…