Припадничките на Армијата рамо до рамо со своите колеги вклучени во гаснењето на пожарите

t

Рамноправно со своите колеги од вториот пешадиски баталјон, армиските припаднички од оваа единица храбро и пожртвувано од самиот почеток се вклучија во локализирање на пожарите, стои во објавата на фејсбук-профилот на АРМ.

Според последните информации, на терен се околу 100 припадници на Армијата, а активирани се и двата хеликоптери од составот на воздухопловниот ВИНГ кои во изминатиот викенд  интервенираа со 22 ведра и исфрлено 44 тони вода на локациите на кои се побаруваше.

Инаку, утрово во 7:30 часот е локализиран шумскиот пожар во кој гореше нискостеблеста деградирана и дабова шума на планината Лисец, меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште. Сè уште чади во високиот дел од планината на карпите и засега нема опасност по шумата, информираше Регионалниот центар за управување со кризи.

Според нив, штетата по шумскиот фонд треба да ја утврдат екипи на Шумското стопанство „Бабуна“, кое стопанисува со шумата. Шумарите, еколозите и љубителите на природата и планината потенцираат дека штетата направена по животната средина е непроценлива.

Овој шумски пожар беше пријавен во Регионалниот центар за управување со кризи во Велес во саботата попладне, во 17:50 часот, а во негово гаснење вчера беа вклучени најпрво екипи на ШС „Бабуна“ од Велес, а потоа и екипа од вработени во Општина Чашка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Платите во Армијата и одбраната се зголемуваат…

Сакам да информирам за една преубава вест,…

Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…

Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…