Началникот на германската армија во посета на АРМ
Висока делегација на Вооружените сили на Германија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Карстен Бројер, од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на македонската Армија.
Генерал Бројер утре изутрина, по пречекот со високи воени почести во Генералштабот на Армијата, ќе има средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, по што ќе се сретне и со министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Во рамките на посетата, генералот Бројер ќе има средби и со претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, соопшти ГШ на АРМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Началникот на германската армија во посета на…
Висока делегација на Вооружените сили на Германија,…
Опасни медузи во Германија: Каде треба да…
Најчестиот вид медуза во нашите води во…
Крвав напад во училиште во Германија, напаѓачот…
Неколку лица се ранети во напад во…
Мицкоски: Македонската Армија добива признание и поддршка…
Ми останува само да се заблагодарам на…
Мисајловски за модернизацијата на АРМ: Со САД…
Во делот на модернизација, согласно буџетот и…