Објавено на:

Најавено големо враќање на Ноле на тениските терени

t

На турнирот во Дубаи кој на програмата е од 14 до 26 февруари ќе настапи најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ. Информацијата дојде од Обединетите Арапски Емирати, со најава дека официјалната листа на учесници ќе биде објавена подоцна.
Како што е најавено, Ѓоковиќ ќе биде еден од осумте играчи од Топ 20 на АТП листата кои ќе играат во Дубаи.
Ѓоковиќ имаше намера да настапи на Австралија опен, но со одлука на локалните власти беше избркан од континентот, иако таму пристигна со официјално медицинско ослободување од вакцинација против коронавирусот.
Ѓоковиќ од Австралија преку Дубаи се врати во Белград, а наскоро треба да се очекува и официјална потврда дека ќе учествува на турнирот кој започнува на 14 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За последен пат ќе го гледаме Надал…

Шпанскиот тенисер се изјасни за својот утрешен…

Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим…

Ѓоковиќ: Ова е за мојот народ!

Рим го доживеа пишувањето на тениската историја,…

Ѓоковиќ лесно го ,,скокна” 1/8 финалето и…

Нема дилеми, Новак Ѓоковиќ е во одлична…

Ѓоковиќ: Не знам што ми е

Ѓоковиќ загуби во финалето на Србија Опен…