Објавено на:

Најголема заплена во историјата на САД: Запленета сума на пари поголма од годишниот буџет на Македонија

t

Американското Министерство за правда објави дека запленила криптовалути во вредност од 3,6 милијарди долари кои биле украдени за време на хакирањето на берзата за криптовалути „Битфинекс“ во 2016 година. Властите уапсија две лица осомничени дека планирале да „перат“ дигитална стока, пренесоа американските медиуми.

Официјални лица велат дека технолошкиот претприемач Илија Лихтенштајн (34) и неговата сопруга, музичарката Хедер Морган (31) се обвинети за обид за перење пари на 2.000 неовластени трансакции.

Обвинителите велат дека биткоини биле испратени во дигитален паричник под контрола на Лихтенштајн, пишува Јутарњи лист.

Во моментот на кражбата таа сума на биткоин вредела околу 71 милион долари, но, како што е познато, неговата вредност е зголемена до денес, така што вкупната сума достигнала дури 4,5 милијарди долари. Федералните власти соопштија дека успеале да запленат околу 94.000 украдени биткоини во вредност од 3,6 милијарди долари.

Овој случај ја претставува најголемата поединечна заплена на пари во историјата на американското Министерство за правда, но и најголемата тужба како резултат на неодамна објавените напори за истражување на криминалот во светот на криптовалутите.

„Криптовалутите не се безбедно засолниште за криминалците“, рече заменик-главниот обвинител Лиза О. Монако додаде дека Лихтенштајн и Морган се обиделе да исперат украдени биткоини преку лавиринт од трансакции со криптовалути.

„Благодарение на прецизното работење на нашите служби, уште еднаш покажавме како е секогаш можно да се следи трагата на парите, без оглед на формата во која дошле“, додаде таа.

Битфинекс претходно понуди награда потенцијално вредна стотици милиони долари за информации што ќе доведат до враќање на украдените средства. Американските власти не откриваат дали понудената понуда имала некаква улога во фаќањето на уапсениот брачен пар, а судските документи, од друга страна, укажуваат дека можеби не била потребна помош.

Според документите, најголем дел од средствата извесно време биле депонирани на „Алфабеј“, платформа која властите ја затвориле во 2017 година бидејќи била место за нелегална трговија со наркотици, оружје и лажни документи.

Обвинителите велат дека успеале да го следат биткоинот од хакирање, преку Alphabe и пошироко.
„Бизнис ангел“ и повремен рапер.

Според судските записи, парот не бил обвинет за хакирање, но не е откриено дали се обвинети за кражба на пари.
Илија Лихтенштајн е технолошки претприемач познат по прекарот Дач, а себеси се опишува како „деловен ангел“ и инвеститор. Морган повремено рапува и ја води маркетинг фирмата Salesfolk.

Во изјавата дадена до даночната служба под заклетва, двојката рече дека потрошиле мал дел од украдените пари, дел на злато, а дел на незаменливи токени (NFT) – уникатни дигитални слики кои се тргуваат како колекционерски предмети и уметнички дела. Други плаќања беа направени за картички за подарок Walmart, Uber возење, Notels.com и Playstation.

Американските власти рекоа дека со оглед на тоа што средствата се запленети врз основа на судски налог, судијата на крајот ќе одлучи како ќе се распределат вратените пари, но и дека владата ќе бара враќање на средствата на вистинските сопственици.

Од почетокот на истрагата интензивно соработуваме со Министерството за правда и ќе продолжиме да го правиме тоа“, се вели во писменото соопштение на Битфинекс. Тие се обврзаа „да ги следат сите неопходни законски процедури за да ги утврдат правата за враќање на украдениот биткоин“.

Властите се повеќе се загрижени дека сложениот и често збунувачки свет на криптовалути е рај за криминалците од секаков вид кои сакаат да украдат пари, но и оној кој е украден за да се скрие од властите. Таканаречените напади на „откуп“ – во кои хакерите бараат пари во замена да не ги уништат компјутерските датотеки на компанијата – станаа една од областите каде што криминалците претпочитаат криптовалути.

Затоа, американското Министерство за правда го формираше Националниот тим за криптовалути минатата година за да ги прошири истрагите за перење пари и други финансиски злосторства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец на докторски студии по физика во…

Кавадарчанецот Илија Николов, кој е на докторски…

Директорката на американската тајна служба: Неуспехот при…

Неуспехот да го обезбеди поранешниот американски претседател…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

Кој е наследникот на Ескобар? Александар Касанов…

Стејт департментот објави дека новиот заменик-помошник секретар…

Александар Касанов го наследи Габриел Ескобар на…

Александар Касанов е избран за заменик помошник…