Најдобро време да ги оставите цигарите: Големо поскапување на цените

Поскапувањето на цигарите беше најавено уште минатиот месец, иако никој од производителите и увозниците на цигари во Македонија официјално не ја потврди таа информација.
Како што кажуваат купувачите, цигарите се поскапени за дури 10 денари.
Вакво нешто се очекуваше со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сè гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството.
Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето. Имено, секоја година, почнувајќи од 2013 година, па сè до 2023 година, акцизата на цигарите се зголемува за најмалку пет денари по кутија.
Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…
Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…
Во петок наутро посебен режим на патот…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
По четири и пол години, една држава…
Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска соопшти…
Јаневска од „Кој е следен?“: Немаме врска…
Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е…
Прегазен пешак во Чаир – Сообраќајна несреќа…
Пешак е прегазен и повреден во сообраќајна…