Објавено на:

Тешка несреќа на Партизанска, Ауди излета поради несоодветна брзина

t

Тешка несреќа се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“, недалеку од трговскиот центар „Сити Мол“ во Карпош 3. Поради несоодветна брзина, возило марка „Ауди“ заврши во жардинерите, откако претходно удри во дрвата.

Брзата помош веднаш пристигна на местото, но засега нема информации во каква состојба се повредените.

Полицијата е на терен и врши увид, додека многу граѓани се собрани и гледаат во неверување.

„Вакво нешто тука не е видено, ќе не испотепаат пред наша зграда“, велат граѓани за „Локално“, кои се нашле во непосредна близина.

,,Постојано тука возат со ненормални брзини, и мотори и коли, но нема полиција да реагира”, вели друга граѓанка која живее блиску несреќата.

Фото: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…

На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…

Тетовец возел со три промили алкохол во…

На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…

Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…

Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…

Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…

Загина возач, автомобилот се запалил по удар…

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид…