Објавено на:

Најлоши резултати во речиси десет години: Интересот на странските компании за Германија опаѓа

t

Индексот што ја мери атрактивноста на Германија за странските компании падна на најниско ниво од 2017 година, кога „KPMG“ започна да го објавува ова истражување.

Студијата се темели на одговорите на 400 германски подружници на меѓународни компании.

Дури 43 проценти од испитаниците ѝ дадоа на Германија најлоша оценка меѓу земјите членки на Европската Унија според критериумот трошоци за енергија. Повеќе од две третини ја вброија меѓу петте најлоши земји во ЕУ според квалитетот на дигиталната инфраструктура, а една третина ја рангираше на самото дно. Негативни оценки Германија доби и според достапноста на квалификувана работна сила, висината на даноците и нивото на дигитализација на јавната администрација.

Повеќе од половина од анкетираните компании ги сметаат тековните услови за работење за лоши или многу лоши. Во слично истражување од 2023 година, таква оценка дала само една петтина од испитаниците.

Во согласност со овој тренд, компаниите стануваат сè повнимателни кога станува збор за инвестиции во Германија. Речиси една четвртина од нив планира да ги намали инвестициите, според резултатите за 2025 година, што значи дека нивниот удел е повеќе од двојно зголемен во однос на 2023 година.

И покрај негативните трендови, Германија и понатаму задржува одредени предности.

Околу две третини од испитаниците ја вбројуваат меѓу петте најдобри земји во ЕУ според јавната безбедност и политичката стабилност, а нејзиниот пазар и натаму е голем и значаен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најлоши резултати во речиси десет години: Интересот…

Индексот што ја мери атрактивноста на Германија…

Германија разгледува укинување на ДДВ за храна,…

Поради зголемувањето на цените на горивата, расте…

Шефот на германската дипломатија бара укинување на…

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул…

Германците од 17 до 45 години мора…

Од 1 јануари 2026 година, сите мажи…

Савески ги прими амбасадорите на Франција и…

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад…