Шефот на германската дипломатија бара укинување на ветото во ЕУ
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул повика Европската унија што поскоро да се откаже од принципот на едногласност во надворешната и безбедносната политика. Според него, блокадите од поединечни земји-членки ја загрозуваат способноста на ЕУ да реагира брзо во кризни ситуации и да делува како силен меѓународен актер, објави Дојче веле.
„Ако сакаме ЕУ да биде навистина делотворен глобален фактор, ако сакаме да стане политички возрасна, тогаш мора да го укинеме принципот на едногласност во надворешната и безбедносната политика пред крајот на овој мандат“, изјави Вадефул за медиумската група Функе.
Јохан Вадефул нагласи дека искуствата од последните недели, особено во врска со помошта за Украина и санкциите против Русија, покажуваат дека сегашниот модел не функционира доволно брзо.
„Поддржувам систем на квалификувано мнозинство во ЕУ. Сите случувања поврзани со Украина и мерките против Русија потврдуваат дека е време за промени“, истакна тој.
Во Советот на ЕУ моментно постојат два модела на гласање. Во чувствителни области, како заедничката надворешна и безбедносна политика, важи принципот на едногласност – односно едно единствено вето го блокира целиот процес. Наспроти тоа, квалификуваното мнозинство – засновано на т.н. „двојно мнозинство“ – веќе се применува во голем број други области. За да помине одлука, потребно е најмалку 55% од земјите-членки (15 држави) кои претставуваат најмалку 65% од населението на ЕУ.
Повеќе министри за надворешни работи на ЕУ и во минатото повикуваа на поголема употреба на квалификуваното мнозинство, меѓу нив и поранешната германска министерка Аналена Бербок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…