Најмалку 12 американски војници повредени во ирански напад во Саудиска Арабија
Најмалку 12 американски војници се повредени, од кои двајца потешко, во ирански напад врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, објавија американски медиуми повикувајќи се на претставници на САД. Нападот бил изведен со ракета и дронови, а мета била база што и претходно беше гаѓана во текот на актуелниот конфликт меѓу САД, Израел и Иран.
Според првичните информации, бројот на повредени бил најмалку 10, но подоцна Ројтерс, повикувајќи се на американски функционер, објави дека бројката се искачила на 12. Асошиејтед прес јави и дека во нападот биле оштетени неколку американски авиони за полнење гориво.
Нападот доаѓа во момент кога Вашингтон јавно зборува за можност од дипломатско решение, но борбените дејства во регионот продолжуваат. Ројтерс објави дека американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме оставил простор за преговори, додека ирански ракети и дронови и натаму погодуваат цели во Заливот.
Според податоците што ги пренесоа Ројтерс и АП, од почетокот на војната на 28 февруари досега се повредени повеќе од 300 американски воени лица, а 13 се убиени. Базата „Принц Султан“ беше погодена и на 1 март, кога американски војник подоцна им подлегна на повредите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Француски политичар: Армијата да ја одбие наредбата…
Лидерот на француската партија „Патриоти“ и кандидат…
Неколку израелски војници се повредени по напад…
Неколку израелски војници се повредени по напад…
Илон Маск го прозва Бајден поради американски…
Тоа е „сериозен проблем“ доколку Гонзало Лира…
Германија испраќа уште војници на Косово
Германија на пролет следната година на Косово…
Се огласија од КФОР: Војниците без причина…
Мисијата на КФОР соопшти дека во вчерашните…