Објавено на:

Најмногу дожд наврна во Крушево, во скопската котлина ветер и до 70 km/h

t

ИНФОРМАЦИЈА ЗА КОЛИЧИНА НА НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ – пренесува Центарот за управување со кризи.

Време 20:30 часот

Денес во попладневните часови на повеќе места во земјава беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално имаше поизразена нестабилност со поинтензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Подрачјето на Скопската Котлина во попладневните часови беше зафатено од поголема нестабилна облачна маса што се манифестираше со појава на невреме во поширокото подрачје на котлината. Невремето беше проследено со интензивен пороен дожд кој наврна за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (на Зајчев Рид 70км/час) и појава на град на повеќе места во котлината. Со оглед на тоа дека врнежите во овој период се од локален карактер, па така на мерните места на УХМР се измерени следниве количини.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 12 часа до 20 часот (во l/m2)
24 Крушево, 12 Тополчани, 11 Берово, 8 Скопје-Зајчев Рид, 4 Тетово, П.Шапка, 3 Маврово, 1 Пожаране.

Во ноќните часови се очекува ретка појава на пороен дожд и грмежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен крадец: Преку балкони влегувал во станови…

Денеска (22.07.2024) од страна на полициски службеници…

Засилено полициско присуство во Скопје

Во текот на изминатата вечер (19/20.07.2024) во…

Повеќе од 12 часа делови од Скопје…

Повеќе од 12 часа делови од Скопје,…

Три каснувања од кучиња скитници во Скопје…

Три каснувања од кучиња скитници се пријавени…