Најмногу поскапеле јајцата, киселото млеко, зејтинот и сирењето

t

Министерството за економија и труд, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изготви компаративна анализа на движењето на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, согласно заклучокот донесен на 162-та седница на Владата.

Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, следени во четири трговски синџири со различно ценовно позиционирање, во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година.

-Резултатите покажуваат дека во анализираниот период е регистриран минимален пораст на продажните цени од 0,43%, додека набавните цени бележат нешто повисок раст од 1,01%. Истовремено, просечната бруто профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28% на 15,80%, што укажува дека дел од притисокот од растот на набавните цени е апсорбиран од трговците, со цел да се задржи стабилноста на цените за граѓаните, информираат од Министерството за економија.

Во однос на поединечните категории:
-кај основните прехранбени производи е забележан благ пораст од 0,45%, при што најголемо зголемување има кај кисело млеко, сирење, јајца и масло;
-кај безалкохолните пијалоци е евидентиран пад од 1,01%;
-кај овошјето и зеленчукот има намалување од 0,86%, и покрај растот кај доматите и кромидот;
-кај основните хигиенски производи е забележан пораст од 1,42%.

Министерството оценува дека движењата на цените во анализираниот период се умерени и под контрола, благодарение и на намалувањето на трговските маржи.

Министерството за економија и труд ќе продолжи активно да ги следи пазарните состојби и, доколку е потребно, ќе предложи соодветни мерки за стабилизација на цените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу поскапеле јајцата, киселото млеко, зејтинот и…

Министерството за економија и труд, во соработка…

Кривичен суд за Груевски: Казната за „Тенк“…

Основниот кривичен суд Скопје излезе со официјални…

Судир меѓу Маѓар и Вучиќ: Дали експлозивот…

Политичката транзиција во Унгарија сè уште не…

ДРАМА КАКО ОД ФИЛМ: Двајца киднапирале човек…

Основен суд Кавадарци им одреди мерка притвор…

Муцунски телефонски се слушна со Анита Орбан…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…