На ГАК годишно се раѓаат од 600 до 700 предвремено родени бебиња: Малите херои кои ја започнуваат најголемата битка уште од првиот ден
Ноември е месец посветен на предвремено родените бебиња, малите херои кои уште од првиот ден од животот се соочуваат со најголемата битка – борбата за живот.
Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје информираат дека на Клиниката годишно се раѓаат меѓу 600 и 700 предвремено родени бебиња.
Според светските податоци, едно од секои десет бебиња во светот се раѓа предвреме, што на годишно ниво претставува околу 15 милиони нови животи кои започнуваат со дополнителни здравствени предизвици.
„Мали бебиња, голем потенцијал. Инвестирајте во континуирана грижа за да ја заштитиме нивната иднина“, е пораката на ГАК по повод одбележувањето на месецот посветен на предвремено родените деца.
Од Клиниката посочуваат дека зад секое предвремено родено бебе стојат родители кои секојдневно живеат меѓу стравот и надежта, но и здравствени работници кои со знаење, посветеност и љубов се борат за секој мал живот.
Овој месец е посветен токму на нивната храброст, истрајноста на родителите и пожртвуваноста на медицинските тимови кои се грижат за најмалите пациенти.
Инаку, од 2026 година, датумот на одбележување на Светскиот ден на предвремено родените бебиња се поместува од 17 на 15 ноември, согласно календарот на Светската здравствена организација.
Затоа што и најмалите животи заслужуваат најголема шанса за иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На ГАК годишно се раѓаат од 600…
Ноември е месец посветен на предвремено родените…
По 82 дена во болница, бебето Бисера…
Денес е ден за солзи радосници, за…
32 бебиња се родиле викендов на ГАК!
Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека…
Новородено бебенце почина на ГАК – Семејството…
На 21 април на скопска Гинекологија починало…
ГАК: Имаше кус прекин на струја, но…
Клиниката за Гинекологија и акушерство испрати реакција…