На Герасимовски малку му се парите од данокот на центарци, па ќе бара повеќе од републичкиот буџет

t

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, вечерва информираше дека на територијата на општината нема големо намалување во наплатата на данок на имот.

– „Иако е ковид-криза, бројките се речиси слични како и претходно. Данокот иде преку самиот град, а се дели 60-40 заедно со општините. Сега не можеме да се пожалиме дека има драстичн намалување, рече Герасимовски во емисијата „Топ тема“.

Градоначалникот соопшти дека општината планира реконструкција на 14 улици во текот на годината, како и изградба на нова градинка во населбата Пролет, но и три детски игралишта.

– „Ако правиме ребаланс на буџетот во мај, ќе бараме помош од Владата. Одредени средства за овие проекти се од Светската банка, имаме средства и од ЕБОР. Наоѓаме начини. Имавме доста ветувања кон граѓаните и мораме да го оствариме, посочи Герасимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…

Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…

Тепачка кај нотар во Центар за наследство

Две лица се степале во нотарска канцеларија…

„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден повика на смиренот во американската нација:…

Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…