На ГП “Дојран” за излез кон Грција се чека до 30 минути, на грчка страна до еден час, на „Богородица“ од земјава излегле близу 22 000 патници
– Викенд метеж на граничниот премин “Дојран” е евидентиран денеска уште од раните утрински часови, потврдуваат одговорните од преминот, а за зголемена фреквенција на возила на истата граница за излез кон Грција, информираат и од Авто мото сојузот на Македонија.
Од АМСМ велат дека времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На граничниот премин, за МИА потврдија дека колони од возила има од утрото, а сега полека метежот се намалува.
– Имавме неколкукилометарска колона, која сега е намалена. На македонска страна се чека од 20 до 30 минути, но на грчка страна застојот е двојно поголем. Најголема бројка на возила имаме во раните утрински часови, а истото го очекуваме и по 18 часот кога луѓето обично се враќаат. Од досегашното искуство вакви гужви имаме за време на викендите, особено во неделите, и на рамните дати – 20 јули, 30 јули, 10 август, а секако има и за 1 август. Тогаш се прават смени во аранжманите и затоа овие дати се критични, велат од ГП “Дојран”.
ГП Богородица
Според податоците од Министерството за внатрешни работи, зголемена фреквенција е забележана и на ГП “Богородица” каде од вчера до денес на пладне излез од државата оствариле 6100 македонски државјани, а влегле 2022 македонски државјани. Во истиот период бројката на странски државјани кои ја напуштиле Македонија изнесува 15 871 лице, а влегле 7878 патници.
На ГП Табановце, како што информираат од МВР од вчера до денес на пладне влегле 17 448 странски државјани, а државата ја напуштиле 14 872 лица, додека македонски државјани евидентирани на влез во државата се 9958, а на излез 3174.
-Од страна на МВР во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, согласно задолжитенжлните гранични проверки, велат надлежните.
Освен на дојранскиот граничен премин и на ГП “Табановце” каде времето на чекање за влез во државата, според информацијата од АМСМ, е околу 20 минути, на останатите гранични премини од македонска страна не се забележани подолги задржувања за влез и излез од државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На ГП “Дојран” за излез кон Грција…
– Викенд метеж на граничниот премин “Дојран”…
Малолетничка си ја натепала бабата откако претходно…
На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР…
Инцидент во Скопје: Повреден патник откако со…
На 18.07.2026 во 07:40 часот во СВР…
Апел до жителите на Гостивар да соработуваат…
Доктор Драган Кочински, раководител на одделот за…
Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од…
„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел,…