На денешен ден Кичево стана првиот ослободен град во Македонија

t

На денешен ден, 11 Септември, по капитулацијата на Италија, во Втората светска војна, партизанските единици по жестоки борби, го ослободуваат градот Кичево. Со тоа Кичево стана првио ослободен град во Македонија. Во градот била формирана народна власт, каде за прв пат на дело се почувствувала заедничка слобода.

Во одбрана на единствената слободна територија, загинале триесетина момчиња, а на чело на партизанската единица стоел народниот херој Мирко Милески, кој својот живот и го подари на неговата татковина Македонија на само 20 години.

Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколку пати ќе биде окупирано и ослободувано.
Кичево живееше слободно вкупно 20 дена, а во период од една година вкупно шест пати бил ослободуван и со тоа е и најмногу пати ослободуван град во Македонија.

Интересен е податокот што на балистичките водачи им била простена соработката со германските и италијанските фашисти и дури им биле доверени некои задачи. Но, лојалноста на овие единици била многу кратка…За помалку од еден месец четата на Мирко Милески, била предадена и изневерена од страна на балистите, партизаните се повлекуваат кон Копачка, а Кичево е повторно окупиран.

Во времето на НОВ за петте ослободувања на градот и регионот, своите животи ги положиле 555 борци, чии коски почиваат во криптата на спомен костурницата на Китиното Кале каде денес приложуваме свежо цвеќе во нивна чест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на…

Полицијата од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава…

Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…

Благодарение на силниот и истраен притисок од…

Руската надворешна разузнавчка служба: Српски одбранбени компании…

Според добиените информации, српските одбранбени компании, спротивно…

Најмалку 44 луѓе загинале во израелски напад…

Агенцијата за цивилна одбрана на Газа соопшти…

Хорор во Кичево: Дедо повеќе пати силувал…

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против…