На Евреите ќе им биде чест да влезат во Уставот: Сепак дел од израелскиот народ не била соодветна изјава на КОвачевски

t

За нас е чест да бидеме внесени во уставот на Република Македонија, но не сум уверен дека терминот „дел од Израелскиот нерод“, што го употреби премиерот Ковачевски, е најсоодветен – вели за Плусинфо Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во Македонија.

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа изјави дека за почеток на преговори со Европската Унија по поглавја ќе треба да се направат уставни измени во кои што ќе треба да бидат вклучени делови од други народи кои што живеат во државата, а кои што не се впишани во Преамбулата.

– Во моментот зборуваме за Бугарите, Хрватите, Црногорците, меѓутоа веќе и деловите од израелскиот народ изразија таква желба, Египќаните веќе доставија официјално барање. Ние сме мултикултурно, мултиконфесионално општество и сме докажани како такви во Европа, практично ние претставуваме општество кое што е Европа во мало, бидејќи Европа е заедница на различности и јас сметам дека не треба да има проблем во однос на тие уставни измени“, рече Ковачевски во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Претседателот на Еврејската заедница во Македонија вели дека за влегувањето на Евреите од Македонија во уставот се разговарало во повеќе прилики и на повеќе ниво, и тој смета дека политичките фактори најверојатно оцениле дека ова е поволна прилика да се реализира и тоа нивно барање, заедно со другите, од практични причини.

– За нас е навистина голема чест и искажување почит да влеземе во Уставот, поголемо и посвето нешто во една држава нема. Ние сме дел од оваа држава, тука живееме со векови и ние со своите патриотски чувства кон Македонија не се разликуваме до останатите Македонци. За нас Македонија е наша татковина, ние сме всушност Македонци со еврејско етничко потекло – вели Леви.

Сепак, вели Леви, не сум сигуререн дека е најсоодветна формулацијата што ја употреби премиерот „дел од изразелскиот народ“, бидејќи израел е посебна држава, а граѓаните на таа држава се нарекуваат себе си Израелци. За ова треба да се разговара уште малку. За нас е најприфатливо едноставно да стои Евреите од Македонија, но не знам дали за тоа би имало некои пречки. Во секој случај, треба да поразговараме на таа тема, а можеби уште денеска, зашто имаме некои средби на официјално ниво, да го отворам тоа прашање – вели Леви.

Причината за внесувањето на Евреите во Уставот, и нивното спомнување од премиерот Ковачевски, се чини дека не може да се бара во нивната бројност. Според пописот од 2021 година во Македонија живеат вкупно 66 Евреи, од кои 36 мажи и 30 жени. Побројни од нив се на пример Грците (294), Горанците (148), па дури има и повеќе Словенци (243), Руси (303), Романци (126) и Полјаци (103), а да не зборуваме за Торбешите (4.174), кои исто така бараат да бидат спомнати во Уставот, но премиерот, намерно или случајно, не ги спомна.

Оттука, мотивот за внесување на Евреите во Уставот може да има само политичко или историско значење, со оглед на нивната трагична судбина. Пред Втората светска војна во

Македонија живееле околу 8.000 Евреи, но најголем дел од нив (7.315) биле депортирани и егзекутирани во логорот на смртта Треблинка во Полска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАЕИ разочарани од одговорот на писмата за…

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса…

Холандија продолжува да купува руски гас

Холандија купила над 200 милиони кубни метри…

Неколку израелски војници се повредени по напад…

Неколку израелски војници се повредени по напад…

Путин: Раководството во Киев „полуде“

Прогонувањето на Русите од страна на украинските…

ОЈО: Обдукцискиот наод за убиената Вања Ѓорчевска…

Обдукцискиот наод за Вања Ѓорчевска и Панче…