Објавено на:

На „Икс“ кај Илон Маск требаше да „нема цензура“, ама сепак има

t

Социјалната мрежа „Икс“ на Илон Маск локално ги блокираше профилите на повеќе саудиски дисиденти и критичари на режимот. По барање на властите во Ријад, нивната содржина е целосно скриена за сите корисници што пристапуваат до платформата од територијата на Саудиска Арабија, пишува „Гардијан“.

Маск со години се претставува како заштитник на апсолутната слобода на говорот, а кога ја купи социјалната мрежа, рече дека тоа го направил за да ја спречи цензурата. Сепак, „Икс“ сега повторно ги исполнува барањата на еден авторитарен режим, за да остане во добри односи со саудиските власти и да го зачува пристапот до пазарот на арапската држава.

Геоблокадата ги прави профилите на дисидентите недостапни само во границите на Саудиска Арабија, додека корисниците од светот сè уште можат да ги видат нивните содржини. За граѓаните во земјата, меѓутоа, пристапот до алтернативни вести и критики за кралското семејство е дополнително ограничен.

Овој потег предизвика остри реакции од меѓународните организации за човекови права, кои предупредуваат дека сопственикот на „Икс“ ги става деловните интереси пред основните демократски права.

Саудиска Арабија, преку своите државни инвестициски фондови и принцот Алвалид бин Талал, има значаен сопственички удел во платформата уште од времето кога Маск ја презеде компанијата. Притисокот врз технолошките гиганти да ги почитуваат локалните закони за цензура не е нов, но „Икс“ сè почесто се соочува со критики дека прави компромиси со авторитарните власти.

Ова не е првпат платформата да се согласи на вакви барања. Претходно „Икс“ постапи по слични барања за блокирање содржини и во Турција и во Индија, пред изборни процеси, што ја доведува во прашање доследноста на нејзината политика за слобода на изразување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На „Икс“ кај Илон Маск требаше да…

Социјалната мрежа „Икс“ на Илон Маск локално…

Нафтените гиганти бележат рекордни профити додека цените…

Добивките се удвоени, утроени, па дури и…

Поради украинските напади, рускиот гигант Wildberries се…

Најголемиот руски онлајн трговец „Wildberries“ започна изградба…

Николоски: Македонија и САД ќе ја интензивираат…

Министерот за транспорт, Александар Николоски, оствари средба…

Косово бара од ЕУ да изврши притисок…

Главниот косовски преговарал Аргон Бајрами денеска побара…