Николоски: Македонија и САД ќе ја интензивираат соработката преку нови инфраструктурни проекти

t

Министерот за транспорт, Александар Николоски, оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Никол Варнс.

На средбата, како што информира Николоски, биле разгледани актуелните инфраструктурни проекти, економската соработка меѓу двете земји и можностите за дополнително зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД.

„Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции како значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните“, истакна Николоски.

Тој посочи дека продолжува работата на продлабочување на соработката со САД во сите области од заемен интерес, во духот на долгогодишното пријателство и партнерство меѓу двете држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…

Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…

Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…

Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…

Владата не може да ги обезбеди законски…

КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…

Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…