На Мицкоски му текна дека е професор – ќе ги храбри колегите да придонесуваат во науката

t

Факт е дека премиерот Христијан Мицкоски, но и повеќето од министерите и други функционери се професори или наставници, што значи доаѓаат од образованието, а нашите универзитети никако да се појават на Шангајската листа, ниту пак се посакувани од студенти од надвор. Затоа, вели Мицкоски, зголемени се средствата кои се на располагање на науката, а професорите покрај образовната дејност, ќе треба да се ангажираат и во научната работа.

„Јас доаѓам од образованието, универзитетски професор сум и логично е дека образованието ќе биде еден од врвните приоритети“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање од Кочани, каде беше во посета на нова детска градинка.

– Ценам дека без квалитетно образование и без квалитетна наука не можеме ниту како нација да јакнеме, ниту како држава да јакнеме и во име на тоа ги зголемуваме средствата кои се за поддршка на научно-истражвачките проекти и ако започнавме со една состојба од 340 милиони денари во 2023 година, веќе во 2024 година и 2025 година се доближивме до 680 милиони денари, за следната да одвоиме 770 милиони денари. Дали е довоно – не е, дали треба – треба, но е многу повеќе од затекнатата состојба – рече Мицкоски.

Тој очекува во годините што следат и колегите кои сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научни трудови, кои ќе бидат објавувани во научни списанија со поголем импакт. Тие ќе треба да бидат во базата на „Томсон Ројтерс“.

– Направивме една анализа, којашто не води кон тоа, ако сакаме да имаме универзитети кои се првите 1.000 според Шангајската листа, мораме меѓу осум и 10 пати да го зголемиме бројот на научни трудови коишто како држава и како универзитети треба да ги објавуваме во научни списанија, а се дел од базата на „Томсон Ројтерс“ или позната како „Веб од сајанс“.

Мицкоски смета дека платите на професорите доволно пораснаа и дека треба да се свртат кон научна работа, затоа што секој еден професор покрај образовната има и научна обврска, да твори и во неа.

Тој се надева дека до крајот на мандатот ќе имаме барем еден универзитет кој ќе котира на тие листи на успешност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Мицкоски му текна дека е професор…

Факт е дека премиерот Христијан Мицкоски, но…

Трамп доби закана: Сатано, нема да успееш

Претседателот на иранскиот парламент одговори на заканите…

Сообраќајна несреќа на патот Берово – Делчево,…

На 01.01.2026 oколу 22:05 часот во ОВР…

ЦУК: Автомобил падна во реката Радика, на…

Денеска во 15.48 часот, од страна на…

Кран-Монтана: Пожарот веројатно предизвикан од пиротехника

Катастрофалниот пожар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана…