ЦУК: Автомобил падна во реката Радика, на терен се сите спасувачки служби
Денеска во 15.48 часот, од страна на дежурниот центар Е-112 Охрид е примена пријава за сообраќајна незгода – паднато возило во реката Радика, кај Бигорскиот манастир. По добиената пријава, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово остварил телефонски контакт со пријавителот, кој информирал дека возилото се движело со поголема брзина, при што изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката Радика, на локација после Манастирот „Св. Јован Бигорски“, извести ЦУК.
– За настанот веднаш биле известени полициските службеници од ПС Ростуше, кои ја потврдиле информацијата и излегле на лице место, каде се наоѓа и командирот на ПС Ростуше со екипа. Исто така, веднаш е известена Територијалната противпожарна единица – Гостивар, од каде е испратена екипа со две противпожарни возила и четворица пожарникари за интервенција. Известена е и Итната медицинска помош од Ростуше, која исто така испратила екипа на терен, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…
Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…
Последен пат го направи ова денот кога…
Руското Министерство за надворешни работи повторно им…
Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…
Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…
Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…
Барнам: Путин нема да биде поканет на…
Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…