На настанот во СЦ „Јане Сандански“ не била користена пиротехника, појаснуваат организаторите

t

Организаторите на спортскиот настан во СЦ Јане Сандански појаснуваат дека на истиот не била користена пиротехника.

ПРЕДМЕТ: Појаснување за користење на сценски специјални ефекти на спортскиот настан ARMMADA 14


Почитувани,
Со ова писмо сакаме да ги информираме сите за фактите поврзани со користењето на сценски ефекти за време на спортскиот настан ARMMADA 14, одржан во Скопје – С.Ц Јане Сандански.
Важно е да се истакне дека на настанот НЕ беше користена пиротехника.
Сите употребени елементи спаѓаат исклучиво под категоријата сценски специјални ефекти и се управувани од страна на професионалната компанија „Magic Effect“ – Ул. Народног Фронта 67, 21000 Нови Сад, Србија (https://magiceffects.rs).
Употребени сценски уреди и ефекти:
2 x Lumen low fog machine – уреди за низок дим кои работат на вода и течност.

4 x MagicFX Smokejet – уреди за дим кои исфрлаат облак дим вертикално на 3 м висина.

6 x Showven Sparkular – уреди за ладни искри кои исфрлаат ладни искри до 3 м висина.

Сите уреди се од реномирани светски производители и поседуваат соодветни безбедносни сертификати за користење и во затворен и во отворен простор. Сертификатите се доставени во прилог.
Овие специјални ефекти се користат во театри, концертни сали, а во наш счучај во спортска арена креирана по европски стандарди, што сведочи дека истите се апсолутно безбедни. Компанијата Magic Effect има повеќегодишно искуство во оваа дејност и е водечки изведувач на сценски специјални ефекти во регионот. На нивната веб-страница може да се најдат бројни примери од реализирани настани во многу поголем обем од нашиот.
Magic Effect website: https://magiceffects.rs/en_gb/
Дополнително, Ве известуваме дека за настанот е навремено информирана и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која беше присутна со возило и организиран тим, подготвен да реагира доколку е потребно, како и со 5 противпожарни апарати за итна реакција околу кафезот за борба.
Исто така, беа присутни и припадниците на Интервентната Полицијата со повеќе од 50 полициски службеници на терен, кои ја обезбедуваа локацијата и водеа сметка за јавниот ред и мир за време на целиот настан.
Обезбедувањето беше најпрофесионално организирано и спроведено НИКОБ со 36 офицери за безбедност.
Настанот ARMMADA 14 беше организиран од најдобрата српска мма промоција ARMMADA во соработка со Министерството за спорт и Македонската ММА федерација (бидејќи оваа федерација е штотуку формирана, правно беше организирана од Македонската БЏЏ федерација),
Со ова сакаме јасно да потенцираме дека се почитувани сите законски и безбедносни процедури. Настанот беше реализиран со максимална грижа за безбедноста на сите учесници и присутни.
Во прилог на ова писмо се доставени:
Сертификати за сите уреди
Примери од меѓународни настани каде се користени истите специјални ефекти во поголем обем.

19.09.2025
Скопје

Македонска Федерација за БЏЏ
Ивица Алексовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски по демнатот на Тошковски: Не би…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…

МОН демантира: Хакерски напад немаше

Министерството за образование демантираше дека нивната интернет…

Кардиолошката болница во Охрид демантира: Лекуваме и…

Специјализираната болница за кардиологија Охрид ја демантира…