Мицкоски по демнатот на Тошковски: Не би рекол дека министерот ме демантирал, утрово се појави снимка како се подметнува пожар
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на повторно подметнатиот пожар во Скопје и изјавата на министерот за внатрешни работи во кој демантираше дека постојат луѓе што палат, изјави:
„Па јас сега не би навлегувал во првичната конструкција дека ме демантирал министерот за внатрешни работи, видовте утрово, се појави јасна снимка како се случува подметнување пожар во објект којшто изби утрово во 04:30 часот. Бев континуирано на линија и со градоначалникот на Општина Кисела Вода и со министерот и со луѓето од противпожарната единица на Град Скопје. Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ за тоа што го зборувам цело време, дека за жал, постојат центри на моќ коишто се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните пред изборите. И одговорот на прашањето кому тоа му одговара, мислам дека со една многу кратка анализа ќе го добиете самите, ако направите.
Денеска додека сум јас во Јегуновце, заседаваат врвот на структурите на Министерството за внатрешни работи. Идентификувани се околу дваесетина лица за коишто постои засновано сомневање дека стојат позади целиот овој процес. Истовремено имавме одредени дојави коишто ги собиравме изминативе денови и во координирана акција, Министерството за внатрешни работи со Министерството за животна средина, ќе постапува во деновите коишто следат. Така што, еве за жал, има структури коишто на ваков, би рекол, начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир. Но како што кажав, тие ќе конструираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме, ќе се бориме и на крај повторно ќе победиме.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…