На Радев не му се слуша за македонско малцинство во Бугарија, туку само за бугарско во Македонија

t

Секој чекор што ја продлабочува нашата соработка треба да биде поддржан. Има многу позитивни сигнали од оваа посета, изјави денеска претседателот на Бугрија, Румен Радев, одговарајќи на новинарско прашање за посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Република Македонија, јавува БТА.

За резултатите од посетата на бугарскиот премиер на Скопје, Радев посочи, дека бил информиран на вчерашната сребда со Петков.

– Се надевам, како што кажав и вчера од собраниската говорница, заедно со сите напори за подобрување на поврзаноста, инвестициите, економијата, соработката, да не ги заборавиме главните прашања што треба да се решат и всушност ќе ја отклучат вратата за почеток на преговорите, рече Радев.

Радев, исто така, изрази надеж дека властите во Скопје ќе покажат мудрост и политичка храброст да ги решат овие проблеми, особено, како што рече правата на македонските Бугари, за да може „да ја отвориме вратата за почеток на преговорите за членство“.

– Како одговорна членка на ЕУ, мора да интегрираме партнери, а не проблеми, нагласи Радев.

Според Радев, како што пренесува БТА, уставните системи на двете земји се радикално различни и додека бугарскиот Устав предвидува заштита на индивидуалните права, македонскиот Устав се заснова на заштита на колективните права на делови од народите.

– Сите тврдења дека ако Бугарија бара правата на македонските Бугари, да бидат запишани во Уставот, од друга страна, како реципроцитет, Македонија може да бара македонско малцинство во Бугарија, се апсолутно неосновани, рече Радев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јелена и Рик се преселиле од Белгија…

Еден од „случајните“ и скриени знаци што…

Вардар триумфираше во вечното дерби против Пелистер

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше против…

Невреме во Куманово, паднати покриви и дрвја,…

Пороен дожд, проследен со грмежи, ситен град…

Ангелов: Дождот ги угасна сите тешки пожари

Дождоот што заврна попладневно помогна да се…

ВЛЕН се мајтапи со државата: Гаши се…

Имајќи го предвид неговата висока позиција и…