На само еден автопат, 90 казни за шест часа поради брзо возење

Денес, на 22.01.2022 во периодот од 9 до 15 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 90 возачи. Од нив, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во Франција: Претреси во пет големи…
Во просториите на големи француски и британски…
ОЈО-ГОКК ќе проверува дали има криминал во…
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…
И не им доаѓа паметот: 334 казни…
– Секторот за внатрешни работи Скопје вчера…
Тетовски дилери се противеле на апсење па…
Двајцата тетовци кои вчера биле приведени за…
Пронајдени 20 мигранти на автопатот Гевгелија-Скопје: Возачот…
На автопатот Гевгелија – Скопје, после клучка…